ДОЧЕКАЈТЕ ЈА НОВАТА ГОДИНА ВО ДУБАИ ,
РАЗГЛЕДАЈТЕ ГО АБУ ДАБИ
А ЗИМАТА ПОМИНЕТЕ ЈА НА МАЛДИВСКИТЕ ОСТРОВИ
1ден 28.ДЕК. 1. СКОПЈЕ – СОФИЈА- ИСТАНБУЛ – АБУ ДАБИ
Состанок на групата во 02,00 часот пред Холидеј Ин во Скопје. Организиран трансфер до аеродромот во Софија. Лет за Истанбул во 10.45 ч. Пристигнување во Истанбул во 12.05 ч. Лет од Истанбул за Абу Даби во 13.35 ч. Пристигнување во Абу Даби во 19.50 Оброци во авион. По завршување на пасошките и царинските формалности, трансфер до хотелот во Абу Даби. Сместување во одбраниот хотел. Ноќевање.
2. ден 29.ДЕК. АБУ ДАБИ
Појадок.Организиран разглед на Абу Даби со лиценциран водич на англиски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayd Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона наградот, ќе застанеме кај Heritage Village – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Организиран ручек во еден од хотелите во Абу Даби. Слободно време за индивидуални прошетки или (факултативно) посета на Emirates Palace со пијалок или кафе – хотел составен од девет палати, за секој емират по една и две за нивните пријатели Кувајт и Катар. Внатрешниот дел од палатата е обложен со 24-ри каратно злато. Прошетка низ преубавите градини и фонтани. Нокевање. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
3. ден 30.ДЕК. АБУ ДАБИ - ДУБАИ
Појадок.По појадокот трансфер до Дубаи. Организиран полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич на англиски јазик. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и краток разглед на хотелот Атлантис, посета на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање),
од таму ќе продолжите кон џамијата, која ќе ја погледнете само од надвор, а потоа кон Бастакија, стaриот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура и ќе го посетиме музејот во Ал Фахади тврдината изградена во 1787г. каде може да се видат сцени од историскиот развој на градот. Продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бродчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар, наречен Сук, палатата на Шеикот Мухамед, златниот пат кој што ги дели двете палати на браќата Мухамед, најголемиот мол на светот каде што се наоѓа и најголемата зграда на светот Al Kalifa висока 826м. и преубавите музички фонтани каде на секои 15мин. имате ново доживување на спојот помеѓу танцот на водата и звукот на музиката. Сместување во одбраниот хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови можност за крстарење со брод низ заливот (факултативно) со вклучена вечера и безалкохолни пиалоци. Романтичен начин да ја поминете вечерта на заливот кој што е осветлен само од месечевата светлина. Ќе се опуштите покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Пловејќи покрај милион светилки и велелепна панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4. ден 31.ДЕК. ДУБАИ - АБУ ДАБИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, Препорачуваме посета на шопинг центрите во Дубаи.Слободно време за одмор и индивидуални активности. Факултативно можност да се организиран дочек на Нова Година во хотелот. Ноќевање.
5. ден 01.ЈАН. ДУБАИ
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Попладне Пустинско Сафари (факултативно) - Волшебно доживување на пустината со вклучена вечера и безалкохолни пијалоци. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, можност да јавате камили и да ги вкусите традиционалните арапски јадења. Вечерата ќе Ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот со своето танцување ќе Ве однесе право во приказните од 1001 ноќ . . . Враќање во хотел околу полноќ. Нокевање.
6. ден 02.ЈАН. ДУБАИ – АБУА ДАБИ - МАЛЕ
Одјавување на собите и трансфер до аеродромот во Абу Даби. Лет од Абу Даби за Мале ( Малдиви ) во 09.20. Пристигнување во Мале во 14.35 ч. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречк и трансфер до одбраниот хотел. Слободно попладне за индивидуални активности.. Ноќевање.
Од 7 до 13 ден / од 03 – 09 .ЈАН. МАЛДИВСКИ ОСТРОВИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Уживајте во прекрасните песочни плажи и егзотиката која Ве опкружува. Услуги според програмата. Нокевање.
14. ден 10.ЈАН. МАЛЕ – АБУ ДАБИ – ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободно предпладне. Одјавување од хотел и трансфер до аеродромот во Мале пет часа пред лет. По завршувањето на пасошките контроли започнува нашето враќање во реалноста кон која ќе ги понесеме со себе најубавите спомени. Лет за Абу даби во 20.40 ч. Пристигнување во Абу Даби во 00.05 часот по полноќ.
15. ден 11.ЈАН. ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Лет за Истанбул во 03,30 ч. Слетување во Истанбул 06.35ч. Полетување од Истанбул со бр. на лет TK 1003 во 12.35ч. Слетување во Скопје во 13.00 ч.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА:
Хотел во Абу Даби |
Хотел во Дубаи |
Хотел Малдиви |
Цена по лице |
ALOFT
4**** |
BYBLOS MARINA 4**** |
PARADISE ISLAND 5***** |
2.689 ЕУР |
PARU ROTANA
5***** |
MEDIA ROTANA
5***** |
PARADISE ISLAND 5***** |
2.795 ЕУР |
Цената вклучувa :
Повратна авионска карта од Скопје до Abu Dabi и Мале со Етихад и Turkish Airlines; Трансфери према програмата; 2 НП во Абу Даби во одбраниот хотел; 3 НП во Дубаи во одбраниот хотел ; Организирани разгледи на Абу Даби и Дубаи со лиценциран водич на англиски јазик; Трансферите од аеродром во Абу Даби до хотелч Трансферот од Абу Даби до Дубаич Трансферот од Хотелот во Дубаи до аеродромот во Абу Даби, 7 Полупансиона во ресортот на Малдивите, Трансфер од аеродромот во Мале до хотелот со брз брод. Организација на патувањето
Цената не вклучува:
Аеродромски такси (320 €); Трошоци за вадење на Виза за ОАE (80€); Новогодишна Гала Вечера (150 €); Факултативни излети (пустинско сафари 65 $, Крстарење со брод 60$, Абу Даби 70$, вечара во Burj Al Arab 175$); Патничко здравствено осугурување